Собранието речиси навреме ја започна 32-та седница, со кворум од 62 пратеници, од кои 60 се во салата, а двајца се во кабините горе.

На седницата не присуствуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а Села и Гши известиле дека се спречени да дојдат.
Во тек е гласањето по точките кои се наоѓаат на дневен ред на ова седница, кои досега се усвојуваат едногласно.

Пред местото каде што седи спикерот Џафери од самиот почеток на седницата се наоѓа пратеникот од Левица Димитар Апасиев кој бара збор за процедурална забелешка. Џафери неколку пати го опомена да се врати на место, бидејќи не отворил дискусија.