Полн е и штабот на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, од каде што се слуша песната „Ова е само наше Скопје“, а внатре се следат резултатите од вториот круг од локалните избори

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат на централниот плоштад во Скопје. Тие очекуваат сигурна победа на нивниот кандидат.

Полн е и штабот на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, од каде што се слуша песната „Ова е само наше Скопје“, а внатре се следат резултатите од вториот круг од локалните избори.

Се очекува Ѓорѓиевски да пристигне кај Порта „Македонија“, па оттука да се упатат кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

