Локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија денеска соопшти дека е направена голема штета и дека многу домаќинства ќе останат без струја во текот на претстојниот викенд
Повеќе од 450 000 домови во Мелбурн и австралиската држава Викторија останаа без електрична енергија во текот на претходната ноќ поради силните ветрови кои соборија дрвја и откорнаа покриви од куќите.
Локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија денеска соопшти дека е направена голема штета и дека многу домаќинства ќе останат без струја во текот на претстојниот викенд.
EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT
Службата за итни случаи во Викторија соопшти дека примила повеќе од 2 500 повици за помош и дека околу 300 луѓе пријавиле штета.
Околу 125 000 домови останаа без интернет и тоа ќе влијае на работата на оние кои работат од дома поради епидемијата на корона вирусот.
Метеоролошката служба соопшти дека во некои области ветрот достигнал брзина од 165 километри на час. Се очекува стабилизирање на времето во текот на денот, додаваат од службата.