Во близина на охридската болница и над Свети Јован Канео, паднале дрва, додека од една зграда на улицата „Галичица“ се откорнал дел од кровот

Откорната кровна конструкција на зграда, оштетен автомобил, падната бандера, искршени гранки, е само дел од штетата предизвикана од силниот ветер што попладнево го зафати Охрид.
На улицата „Галичица“ паднала дел од кровна конструкција од зграда и оштетила еден автомобил кој бил паркиран на паркингот кај зградата.
На терен на ова место излегле и екипи на противпожарната слуба и на јавното претпријатие „Комуналец“.
„Регионалниот центар за управување со кризи Охрид извести дека на 195 од граѓани добиле дојава дека поради силен ветар дел од кров на зграда на улицата ’Галичица‘ се срушил (летнал), за што била известена Територијалната противпожарна единица – Охрид и Општина Охрид. Има и јавување од граѓанин дека е откорнат лим од ограда што ја оштетил фасадата на објект во близина, по што е постапено“,
информираа за МИА од Центарот за управување со кризи.
Од силниот ветер паднала и бандера на улицата „Ристо Чадо“ и дрва во близина на Општата болница и над Свети Јован Канео.