„Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба“, рече претседателката на средбата со новоименуваниот амбасадор, информираат од нејзиниот кабинет
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација во земјава, Дмитриј Константинович Зиков, информираат од нејзиниот кабинет.
За амбасадорот Зиков, како што велат од претседателскиот кабинет, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија.

Претседателката изразила уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.
Новоименуваниот амбасадор, пак, изразил подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот.
„Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба“,
рече претседателката на средбата со новоименуваниот амбасадор, информираат од нејзиниот кабинет.
Инаку, претседателката денеска ги прими акредитивите и на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт, Глорија дел Кармен Оливарес.
