Германскиот канцелар објави и фотографија на која напиша дека со нетрпение го очекува „мемињата“ на негова сметка, како и дека е полошо од тоа што изгледа
Со црн фластер на едното око и со видливи гребнатини на лицето, германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се појави во јавноста.
Ова е негово прво појавување откако за време на викендов тој паднал додека џогирал и заврши со модринки и гребнатинки на лицето, а мораше да ги откаже и состаноците кои му беа закажани.
Шолц првично денеска претпладне објави фотографија на неговиот официјален профил на Х (поранешен Твитер) на која се гледа како носи црн фластер на едното око, а видливи се и неговите гребнатинки.
„Ви благодарам за добрите желби, изгледа полошо отколку што е“,
напиша тој во објавата и порача дека со нетрпение ги очекува „мемињата“.
Wer den Schaden hat…
— Bundeskanzler Olaf Scholz (@Bundeskanzler) September 4, 2023
Bin gespannt auf die Memes. Danke für die guten Wünsche, sieht schlimmer aus, als es ist! pic.twitter.com/bB5INX8HnM
По објавата, на Х се појавија бројни мемиња, вклучително и такви во кои Шолц е прикажан како пират кој мавта со кука, пират на брод, со капа со череп и вкрстени коски итн. … На социјалната мрежа бројни беа и пораките за брзо закрепнување, а објавата на канцеларот досега собра повеќе од 38 000 лајкови и илјадници коментари.
Освен постирањето на фотографијата, Шолц во текот на денот се појави и на настан – годишен прием на Католичката академија во Берлин.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од денешното појавување на германскиот канцелар.




