По уредувањето, општината најави дека ќе достави фактура со сопствениците на земјиштето и објектот со износот за извршената работа
Се расчистува просторот околу објектот каде беше сместен поранешниот ресторан за брза храна „Мекдоналдс“ во скопски Аеродром, локација што со години стои запуштена.

Како што денеска соопштија од Општина Аеродром, станува збор за приватно земјиште со запишан објект.
По уредувањето, општината најави дека ќе достави фактура со сопствениците на земјиштето и објектот со износот за извршената работа.
„Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Затоа, сега на терен се комуналните екипи на општината“,
се вели во соопштението од Аеродром.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат да реагираат секаде каде сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.
Минатата недела екипи на општината отстранија времен објект што пред десетина години е поставен на тревникот на булеварот „Јане Сандански“, веднаш до трговскиот центар „Капитол“.
