Мостот е два пати повисок од Ајфеловата кула во Париз, а го сруши и претходниот рекорд што го држеше мост во истата покраина Гуиџоу

Денеска во кинеската покраина Гуиџоу беше отворен за сообраќај највисокиот мост во светот. Мостот на Големиот кањон Хуаџијанг се издигнува на височина од 625 метри од речното корито.
Ова е приближно еквивалентно на висината на Шангајската кула (632 метри), највисокиот облакодер во Кина.
Мостот е два пати повисок од Ајфеловата кула во Париз, а го сруши и претходниот рекорд што го држеше мост во истата покраина Гуиџоу.
Главниот распон помеѓу столбовите изнесува 1.420 метри.
Изградбата на овој инфраструктурен проект траеше три години. Според кинеските државни медиуми, цената била над две милијарди јуани, односно околу 240 милиони евра.
Мостот го скратува времето на патување низ кањонот Хуаџијанг во планинската покраина Гуиџоу од околу два часа на само неколку минути.