За него со денови се води негативна кампања во косовските медиуми како за „инспиратор на масакрот во Косово“ и „идол на убиствената српска војска за време на војните во поранешна Југославија“
Протестот најавен на социјалните мрежи против Горан Бреговиќ во Корча, Албанија, пропадна, објави порталот Коссев, повикувајќи се на Клан Косова.
Само три лица се одѕваа на повикот на поранешниот пратеник Кујтим Гjузи кои прошетаа по тротооар со транспарент на кој пишуваше: „Горан Бреговиќ не е добредојден на фестивалот на пивото, ако не се извини“.

Според Коссев, со денови во косовските медиуми се води негативна кампања против Горан Бреговиќ, откако беше објавена веста од некои албански портали дека Бреговиќ доаѓа на познатиот пивски фестивал во Корча.
#kos_stampa Propao protest protiv Bregovića, samo četvoro došlo https://t.co/3YRalByA7j
— KoSSev (@KoSSevnews) August 8, 2021
За него се вели дека е „инспиратор на масакрот во Косово“ и „идол на убиствената српска војска за време на војните во поранешна Југославија“.
Пред два дена општина Корча објави дека нема да ја откаже поканата до српскскиот музичар и покрај реакциите.
На официјалната веб -страница на фестивалот се наведува дека детали за програмата се очекуваат наскоро и дека се уште нема потврда за настапот на Бреговиќ.
Познатиот фестивал на пивото во Корча оваа година се одржува од 14 до 18 август, а се очекуваат 100 000 посетители.