Микал Крижанек е во Скопје како почесен гостин на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижалек од Словачка. Она што тој го објави на својот фејсбук-профил како интересен детаљ од средбата е фотографија на која претседателот и бодибилдерот се буткаат на рака.
„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка. Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг“,
напиша Пендаровски.
