Синдикалците се пожалија и на притисоци поради нивни инсистирања да се почитуваат законите од трудовото право
„Доста е“, порача Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). на денешниот предупредувачки протест пред Владата, изнесувајќи ги своите барања за: почитување на законите од трудовото право, неодложно постапување на институциите при прекршување на законите и запирање на притисокот врз синидикалното организирање и синдикалните лидери.
„Нашите барања се почитување на законите, почитување на колективните договори. Во Македонија сите закони од трудовото право се кршат, а ние кога бараме почитување на тие закони тогаш се пресметуваат со синдикалните лидери, со синдикалните членови. Пробуваат да ги растурат синдикалните организации. Затоа кажавме денеска – ‘доста е, претеравте’“
нагласи на протестот, претседателот на КСС, Благоја Ралповски.
Тој истакна дека, ако власите не ги послушаат, ќе продолжат со протестите и ќе се радикализираат.
„Ќе биде уште порадикално, ќе биде многу помасовно затоа што денеска беше само симболично. Нека размислат, доставивме до нив барање да направиме еден разговор на фер основа каде што ќе се почитуваме меѓу себе не од позиција на власт, туку како социјални партнери како што е секаде во Европа“,
потенцираше Ралповски.