Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека има пожар во „Нула Отпад“ Скопје во Трубарево
Нов, голем пожар, денеска во попладневните часови избувна во скопско Трубарево.

Густ облак од црн чад се издига високо и е видлив од повеќе делови на главниот град, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека има пожар во „Нула Отпад“ Скопје во Трубарево.

Од Центарот за управување со кризи додаваат дека пожарникари интервенираат во гаснењето.
„Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба по точно во с. Трубарево каде што гори фабрика за пластични работи. БППЗ на Град скопје се на лице место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот. Состојбата се следи“,
соопштија од ЦУК.