Противпожарната единица на Град Скопје со три возила и 11 пожарникари го гаснеше пожарот што некаде пред 13 часот избувна во стан на улицата „Венјамин Мачуковски“, спроти ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин.

Пожарот во станот, кој се наоѓа на петтиот кат од станбена зграда, е изгаснат. Освен вознемирени станари, повредени нема, а причинета е материјална штета.

Командантот на Противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски, за МИА изјави дека причината за пожарот е електрична инсталација, односно дека е опожарена сушалница за алишта.
