Горел помошен објект во откупен пункт за старо железо, а дополнително биле зафатени и дел од материјалите што се наоѓаат во непосредна близина на локацијата
Пожарот што синоќа избувна во пункт за старо железо во Струмица е локализиран, информираат на својот фејсбук-профил од струмичката Територијална противпожарна единица.

Горел помошен објект во откупен пункт за старо железо, а дополнително биле зафатени и дел од материјалите што се наоѓаат во непосредна близина на локацијата.
Гаснењето се одвивало отежнато поради неможноста за пристап за противпожарните возила, како и лесно запаливите материјали присутни на теренот.
„Со четири противпожарни возила и 11 пожарникари спасители синоќа се интервенираше за гаснење на запален помошен објект во откупен пункт за старо железо во близина на булеварот ‘Климент Охридски‘. Пожарот беше во разгорена фаза и неговото гаснење беше отежнато поради неможноста за пристап за противпожарните возила, како и лесно запаливите материјали што се наоѓаат на локацијата“,
информираат од Територијалната противпожарна единица во Струмица.
