Според Министерството за внатрешни работи, пожарот бил локализиран околу 3:30 часот, но утрово во 9 часот било пријавено дека тој повторно се активирал. Како што додаваат оттаму, во случајот нема повредени лица
Голем пожар синоќа избувнал во депото на „Македонски железници – Транспорт“ на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, а во кој биле зафатени вагони на јавното претпријатие.
Пожарот, како што информира за „360 степени“ командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски, бил пријавен околу 1:20 часот по полноќ.
Според него, огнот е локализиран, но противпожарните екипи сè уште се на терен и работат на негово целосно гаснење.
Инаку, во овој дел на градот сè уште може да се забележи темен чад како се издига над местото на пожарот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ноќеска во 1:45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека настанал пожар во хангар на „Македонски железници“ во кој имало стари и неисправни вагони и локомотиви.
„Во 03:30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот“,
информираат за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи.