Поворката од Ватикан до базиликата „Санта Марија Маџоре“ помина низ центарот на Рим, а движењето на папамобилот го следеа илјадници граѓани на кои им беше дозволено да стојат зад поставените барикади на улиците
По утринската погребна миса, папата Франциск попладнево беше погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим. Од плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, ковчегот со посмртните останки на папата беше пренесен до Рим со папамобил.

Поворката помина низ центарот на Рим, а движењето на папамобилот го следеа илјадници граѓани на кои им беше дозволено да стојат зад поставените барикади на улиците.

„Папата е првиот по повеќе од еден век што беше погребан надвор од Ватикан, а неговото погребување беше приватно, што им овозможи на најблиските да му оддадат почит“,
информира Ватикан.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Пјантедоси, изјави дека најмалку 400 000 луѓе присуствувале на погребната церемонија на папата Франциск во Ватикан и се собрале по римските улици за да го проследат настанот. Тоа се повеќе од 250 000 луѓе од проценката на Ватикан.
Франциск е првиот папа кој е погребан надвор од Ватикан по повеќе од 100 години.