Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека на маргините на Минхенската безбедносна конференција, обраќањето на Камала Харис го следел со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и бугарскиот премиер Кирил Петков.
Притоа, Блинкен изразил поддршка за дијалогот меѓу Скопје и Софија.
„Срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД Камала Харис. Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО. Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците“,
напиша Ковачевски.

