Струмичките мажоретки вечерва со својот настап традиционално ги најавија претстојните карневалски настани, од кои најважниот, односно главната карневалска вечер, ќе се одржи в сабота на 21 февруари
Со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

Струмичкиот градоначалник Јанков ѝ го предаде клучот на претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова, со што се означи почетокот на овогодинешното карневалско издание.
„Со предавањето на клучот на карневалџиите почнува карневалската недела во Струмица и со тоа владеењето е во нивни раце додека трае карневалот. Им посакувам добра забава и пријатна атмосфера на сите учесници на ова наше струмичко карневалско чудо“,
рече Јанков.
Претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова, рече оти ќе ветат дека оваа недела во Струмица ќе има само позитивна енергија, многу насмевки и дружба.
Струмичките мажоретки вечерва со својот настап традиционално ги најавија претстојните карневалски настани, од кои најважниот, односно главната карневалска вечер, ќе се одржи в сабота на 21 февруари.
Погледнете дел од вечерашната атмосфера во Струмица:
