Обвинителката која го застапува предметот, Жаклина Крстевска-Јосифовска, пред да ги даде воведните зборови, предложи исклучување на јавноста во текот на целата главна расправа. Ова, како што рече обвинителката, било на барање на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, доставено до Обвинителството
Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет за помагање, рече дека остава на судот да одлучи за предлогот на Обвинителството и додаде дека треба да се води, пред сè, од интересот на таткото кој, како што рече, е оштетен и жртва во случајот. Против исклучување на јавноста се изјаснија и дел од адвокатите на останатите обвинети. По ова судот одлучи да не го прифати предлогот за исклучување на јавноста
По две одложени рочишта, денеска во Основниот кривичен суд Скопје почна судењето за убиствата и грабнувањата на малолетната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

На обвинителната клупа по првпат заедно седнаа Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишов, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски-Палчо.

Обвинителката која го застапува предметот, Жаклина Крстевска-Јосифовска, пред да ги даде воведните зборови предложи исклучување на јавноста во текот на целата главна расправа. Ова, како што рече обвинителката, било на барање на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, доставено до Обвинителството.
„Имено, од страна на полномошникот на Зорица Ѓорчевска и сестрата на Вања поднесено е барање до Обвинителството за исклучување на јавноста од целата јавна расправа имајќи ги сериозните последици на интензивното медиумско известување за настанот. За тоа е поднесена медицинско известување за продлабочување на болката кај Зорица и сестрата на Вања и на нивната здравствена состојба појава на сериозно пострауматско растројство“,
наведе обвинителката.

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет за помагање, рече дека остава на судот да одлучи за предлогот на обвинителството и додаде дека треба да се води, пред сè, од интересот на таткото кој, како што рече, е оштетен и жртва во случајот.

Против исклучување на јавноста се изјаснија и дел од адвокатите на другите обвинети. По ова судот одлучи да не го прифати предлогот за исклучување на јавноста.
Рочиштето продолжи со воведните збирови на обвинителката која во детали ги опиша дејствијата за кои се товарат обвинетите и додаде дека во текот на постапката ќе ја докаже наводите од обвинителниот акт.