Откако Собранието ги изгласа сите точки на 32-та седница едногласно со 62 гласа „за“, од кои двајца од пратеници кои се во кабините во горниот дел од салата поради тоа што се позитивни на коронавирус, започна 36 -та седницата на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет антикризни закони.


Спикерот Џафери рече дека тројца претставници на Алијанса/Алтернатиива, Скендер Реџепи, Зијадин Села и Африм Гаши не присуствуваат на седницата.