Претседателот Володимир Зеленски рече дека руските сили испукале повеќе од 50 ракети и речиси 500 беспилотни летала

Најмалку пет лица се загинати во руски напад со ракети и беспилотни летала врз Украина во текот на ноќта. Во нападите била оштетена инфраструктурата низ бројни региони, пишува Ројтерс.
Четири смртни случаи се пријавени во западниот регион Лавов, кој се граничи со Полска, каде што бил запален и индустриски парк, а делови од градот останале без струја.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, ги повика жителите да останат во домовите додека властите се борат со повеќе пожари.
Во Запорожје, Југоисточна Украина, едно лице загинало, а девет други биле ранети во комбиниран напад што оставил и повеќе од 73 000 корисници без струја, изјави гувернерот Иван Федоров.
Цивилната инфраструктура е оштетена и во регионите Ивано-Франкивск, Виница, Чернигов, Херсон, Харков и Одеса, изјави премиерката Јулија Свириденко.
„Уште еден намерен чин на терор против цивили. Москва продолжува да напаѓа домови, училишта и енергетски објекти – докажувајќи дека уништувањето останува нејзина единствена стратегија“, пишува Свириденко на Икс.
This Sunday night, Russia launched yet another barrage of missiles and drones against the people of Ukraine, targeting the Lviv, Zaporizhzhia, Chernihiv, Vinnytsia, Ivano-Frankivsk, Kherson, Kharkiv, and Odesa regions.
— Yulia Svyrydenko (@Svyrydenko_Y) October 5, 2025
In Lviv, four people were killed and four others injured. In… pic.twitter.com/mtCo5wywT8
Претседателот Володимир Зеленски рече дека руските сили испукале повеќе од 50 ракети и речиси 500 беспилотни летала.
„Денес, Русите повторно ја погодија нашата инфраструктура – сè што обезбедува нормален живот за нашите луѓе. Ни треба поголема заштита и побрзо спроведување на сите одбранбени договори, особено за воздушна одбрана. Еднострано примирје на небото е можно – и токму тоа би можело да го отвори патот кон вистинска дипломатија. Америка и Европа мора да дејствуваат за да го натераат Путин да престане“,
пишува Зеленски.
Русија, која сè уште не го коментирала нападот, ги засили нападите врз енергетската мрежа на Украина во последните недели, додека се приближува четвртата зима од војната.
Членката на НАТО, Полска, соопшти дека ги покренала авионите рано во неделата за да ја осигури својата воздушна безбедност.
„Полските и сојузничките авиони работат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се доведени во највисока состојба на подготвеност“, соопшти оперативната команда на Полска во објава на Икс.
Членовите на НАТО од источното крило се во состојба на висока готовност откако Полска собори сомнителни руски беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во септември, а видувањата и воздушните упади на беспилотни летала, вклучително и во Копенхаген и Минхен, доведоа до хаос во европската авијација.
Аеродромот во Вилнус, Литванија, во текот на ноќта беше затворен неколку часа по извештаите за серија балони што се упатуваат кон аеродромот.