Како што објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, четворица цивили загинале уште во првиот напад, а едeн од службениците за итни случаи на Доњецк загинал за време на вториот напад
Пет лица загинаа, а 31 се повредени во два руски ракетни напади врз стамбени згради во градот Покровск во источна Украина во регионот на Доњецк, објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, пренесе Ројтерс.

фото: EPA-EFE/STATE EMERGENCY SERVICE HANDOUT
На видеата и фотографиите објавени од украинските власти се гледаат луѓе меѓу урнатините во кои е и петкатна зграда. На местото имало и амбулантно возило со кое им се помагало на повредените.

Според Клименко, четворица цивили загинале уште во првиот напад, а едeн од од службениците за итни случаи на Доњецк загинал за време на вториот напад. Клименко вели дека во тек е операција за потрага и спасување.

фото: EPA-EFE/STANISLAV KRUPAR
Андриј Јермак, шеф на претседателскиот кабинет на Украина, подоцна пријавил дополнителни две жртви на руски напад во селото Крухлиакифка во областа Купианск.