Дел од улицата „Козара“, како што велат од Општина Центар, ќе биде непроодна за возила сè додека не се отстранат дрвјата

Паднати дрвја на улицата „Козара“ во скопската населба Капиштец утринава ја затворија за сообраќај.
Дрвјата се паднати на улицата што поминува покрај училиштето „Киро Глигоров“ и води кон Заводот за физикална медицина и рехабилитација.
Од Општина Центар велат дека екипи на јавните претпријатија „Паркинзи на Општина Центар“ и на „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на дрвјата.
Дел од улицата „Козара“, како што велат од Општина Центар, ќе биде непроодна за возила сè додека не се отстранат дрвјата.
