Силните ветрови и врнежи од снег, како и минусните температури кои се симнуваат и под 20 степени досега ги одземаа животите на дваесетина лица, а го отежнаа сообраќајот но и преносот на електрична енергија на милиони граѓани на САД.
Со секој поминат час, се поголем број на летови се откажуваат во САД како резултат на снежната бура. Улиците и автопатите во голем дел од сојузните држави се затворени. Во Канзас, три лица загинаа во сообраќајна несреќа откако со возилото се излизгале од замрзнатиот асфалт, забивајќи се во ѕид. Во сојузната држава Кентаки три лица загинаа како резултат на циклонската бура, додека пак во Охајо загинаа 4 лица.
Бурата ја зафати речиси целата територија на САД, а над еден милион лица во Мејн, Њу Хемпшир, Њу Јорк и Пенсилванија се соочуваат со недостиг на електрична енергија еден ден пред најголемиот христијански празник Божиќ. Вкупно 200 милиони луѓе во САД се под снег од канадската граница до мексиканската граница, но и од западниот до источниот дел од земјата. Минусни температури се очекуваат и понатаму а оваа бура е една од најголемата во историјата на земјата.
Во одредени делови од земјата беа измерени температури од -45 степени Целзиусови, додека пак градот Хел кој се наоѓа во Мичиген, целосно замрзна.