Меѓу највеселите, очекувано, беше и новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска-Давкова
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, придружувано од бројни членови и симпатизери ја славаше двојната изборна победа на плоштадот Македонија во Скопје.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и, најверојатно, иден премиер, Христијан Мицкоски, беше заедно со сопругата Рози. Меѓу највеселите, очекувано, беше и новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска-Давкова.


По обработени 97,94% од избирачите, Силјановска-Давкова има освоено 547 397 гласа, а нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 245 970. Мандатот на Пендаровски истекува на 12 мај, така што може да очекува брзо примопредавање на функцијата.

На парламентарните избори, пак, по обработени 97,1 отсто од избирачите, ВМРО-ДПМНЕ може да смета на 59 од вкупно 120 мандати во парламентот. ДУИ со партнерите добива 19, а СДСМ има 18 пратенички места. Коалицијата ,,Вреди” добива 14 мандати додека Левица и ЗНАМ имаат 6 односно 5 пратеници во новиот состав на Собранието.