Во обилните врнежи што вечерва ја зафатија Битола, при што за само 15-ина минути наврнале над 40 литри дожд на метар квадратен, се поплавија одредени улици и домови, соопштија од Општина Битола.
Оттаму велат дека веќе час и половина екипи на „Водовод“, „Нискоградба“ и ТППЕ Битола и останатите јавни претпријатија, се излезени на терен и се справуваат со последиците од поројните дождови кои попладнево ја зафатија Битола.
„Делувано е со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град. На терен се забележани многу електрични празнења, кои дополнително ја отежнуваа работата. Градоначалничката Наташа Петровска веднаш го повика и одржа состанок со Општинскиот кризен штаб, по што се дадоа насоки за следни делувања. Веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај Лук Оил и улицата Иван Милутиновиќ. На терен екипите се уште интервенираат“,
велат од Општината.
Побарано е на терен да интервенираат и од ЕВН, а поддршка е добиена и од Дирекцијата за заштита и спасување.
Фотографиите во продолжение се од официјалниот сајт на Општина Битола



