Невреме проследено со силен ветер и дожд попладнево го зафати Скопје, а откорнато дрво на улицата Козле дополнително го отежни сообраќајот.

Покрај во Скопје, силни ветрови и дождови има и во уште неколку градови во земјава, а од УХМР информираат дека и во следните денови ќе не очекува променливо облачно и посвежно време.

За утре најавуваат силен југозападен ветер, додека попладне на места повторно се очекува да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.