Голем број граѓани на Белград од утринава се собираа пред влезот на училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар по повод 40 дена од масовното убиство кое се случи во ова училиште, кога 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ со пиштолот на својот татко уби 9 соученици и припадник на обезбедувањето
Репортерот на порталот „Нова.рс“, додека ги фотографирал предметите кои биле оставени пред влезот на училиштето, забележал дека на оградата покрај свеќи и цвеќиња, непознато лице оставило капа на која имало и куршум, по што веднаш пријавил во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи одговориле дека капата била на граѓанин кој ја заборавил, но нема информации кој го оставил куршумот.
Инаку, денеска голем број граѓани го посетија училиштето да изразат сочувство и почит кон загинатите ученици и припадник на обезбедувањето. На оградата беа оставени голем број плишани играчки, цвеќиња, а се палеа и свеќи. Букет цвеќе утринава положи и министерот за образование Раде Баста.
