Од штипската полиција изјавија дека не добиле пријава за таков настан и затоа не можат да постапат против непознат сторител
Искршени се фотографиите на петтемината штипјани што загинаа во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, а кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ во Штип.
Како што пренесува МИА, фотографиите ги доставиле роднини на загинатите, откако утрово забележале дека сликите се искршени расфрлани на штипскиот плоштад.

Фотографиите се поставени на плоштадот во Штип неколку дена по трагедијата во Кочани.
Досега покрај нив минувачите палеа свеќи и положуваа цвекиња.
Штипјани се сомневаат дека станува збор за вандализам.
Од штипската полиција изјавија дека не добиле пријава за таков настан и затоа не можат да постапат против непознат сторител.
Во пожарот загинаа Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски од Штип.
Во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, кој избувна рано наутро на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени и пренесени на лекување во болниците низ државава и медицинските центри во странство.