Министерството за внатрешни работи на официјалната веб-страница, во делот на потраги, објави национална потерница за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за кого се бара притвор, но тој од вчера е недостапен за полицијата.
На Мијалков вчера му е определена мерка куќен притвор со 24-часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, но сè уште се трага по него. „Исчезнувањето“ на Мијалков е во пресрет на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата, за што му се заканува висока казна затвор.
ОД Кривичниот суд предмалку соопштија дека денеска претпладне одобриле и распишување меѓународна потерница.
„Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот“,
велат од Судот.