„С Македонија, како држава со стратешка позиција меѓу Европа и евроазискиот простор, има значајна улога во унапредувањето на инфраструктурната и транспортната поврзаност во регионот“, посочи министерот на форумот во Анталија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на учеството на „Анталија дипломатски форум 2026“, се обрати на панелот „Нови можности во поврзувањето“, посветен на новите можности за регионална и интерконтинентална поврзаност.

Како што соопшти Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски истакна дека поврзаноста претставува клучен фактор за економската отпорност, регионалната стабилност и одржливиот развој, особено во услови на геополитичка неизвесност и промени во глобалните синџири на снабдување.
„С Македонија, како држава со стратешка позиција меѓу Европа и евроазискиот простор, има значајна улога во унапредувањето на инфраструктурната и транспортната поврзаност во регионот“,
посочи министерот.
Посебен акцент бил ставен на Коридор 8, како клучна источна-западна врска меѓу Јадранското и Црното Море.
„Министерот ја истакна потребата од негова целосна доизградба, како и значењето на железничкото поврзување со Бугарија во рамки на европските транспортни мрежи“,
се вели во соопштението од МНР.

Во обраќањето, Муцунски се осврна и на Коридор 10, потенцирајќи ја улогата на земјата во европските иницијативи за развој на одржлива инфраструктура што ги поврзува Западен Балкан со поширокиот евроазиски простор.
Во контекст на новите глобални иницијативи за диверзификација на транспортните и трговските рути, министерот се осврна и на Коридорот 10, нагласувајќи ја улогата на Северна Македонија во европските иницијативи за поврзаност, вклучително и напорите на Европската Унија за развој на одржлива инфраструктура што ги поврзува Западен Балкан, Источна Европа и поширокиот евроазиски простор.
„Учеството на министерот Муцунски на овој панел ја потврди определбата на Република Северна Македонија за активна регионална соработка, промоција на инфраструктурни проекти со додадена вредност и придонес кон стабилна, безбедна и економски поврзана Европа“,
се вели во соопштението на ресорното Министерство.
Муцунски ја истакна и подготвеноста на државата за активно учество во мултилатерални формати, со цел надминување на техничките, регулаторните и финансиските бариери, при што ја нагласил потребата од координација меѓу владите, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор.
