Во нападот, како што се наведува, била погодена истата високакатница во која пред два дена, исто така, удри дрон. Според РИА Новости, во зградата која денеска повторно беше нападната, се сместени неколку владини агенции
Руската противвоздушна одбрана соборила „неколку“ беспилотни летала кои биле насочени кон московскиот регион, изјави градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, пренесe „Гардијан“. Во нападот, како што се наведува, била погодена истата високакатница во која пред два дена, исто така, удри дрон.
Според РИА Новости, во зградата која денеска повторно беше нападната, се сместени неколку владини агенции.
Руското Министерство за одбрана, кого го цитира државната новинска агенција ТАСС, соопшти дека двe беспилотни летала биле уништени од системите за противвоздушна одбрана во областите Одинцово и Нарофоминск во близина на Москва, додека третиот бил заглавен и паднал во главниот град.
⚡️ Consequences of the night attack on moscow, russia, by drones.
— FLASH (@Flash_news_ua) August 1, 2023
? Follow @Flash_news_ua pic.twitter.com/fosNJJKcZ5
Министерството го обвини Киев за нападите.
Московскиот градоначалник во објава на Телеграм рече дека не се пријавени жртви или повредени во најновиот напад на руската престолнина.
„Оштетена е фасадата на 21. кат на комплексот ‘Москва сити’. Искршено е стакло на површина од 150 метри квадратни“,
рекол тој, пренесува „Гардијан“.
Новая атака беспилотников на Москву. Один дрон снова попал в ту же башню комплекса «Москва-Сити».
— Republic (@Republic_Mag) August 1, 2023
Минобороны РФ отчиталось, что два БПЛА были сбиты в Московской области, а «еще один беспилотник был подавлен средствами радиоэлектронной борьбы и, потеряв управление, потерпел… pic.twitter.com/EmR0Blr92u
Поради нападите, привремено бил затворен и московскиот аеродром „Внуково“, а летовите биле пренасочени
Ова следува два дена по изјавата на украинскиот претседател Володимер Зеленски во која тој кажа оти „војната постепено се враќа на територијата на Русија“.
„Постепено, војната се враќа на територијата на Русија – во нејзините симболични центри и воени бази. Ова е неизбежен, природен и апсолутно фер процес“,
рече Зеленски во своето ноќно видеообраќање во неделата.
Денешените напади со беспилотни летала се најмалку петти по ред врз руската престолнина од мај годинава, кога два дрона паднаа над Кремљ.