Многу скопјани и денеска излегоа во Градскиот парк за да ги искористат последниот ден од викендот, како и убавото време.
Но, освен големиот број на посетители денеска во Градскиот парк имаше и зголемено присуство на полиција. Припадниците на МВР интервенираа и ги опоменуваа одсобено оние кои беа во груи, со оглед на тоа што е дизволено движење на не повеќе од две возрасни лица.

И денеска, како и вчера, се забележува дека посетителите на излетничките локации делумно ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, како носење маски и одржување оддалеченост од два метри.
