Во рамки на посетата во Украина, соопштија од Министерството за надворешни работи, шефот на дипломатијата Бујар Османи повторно ја отворил Амбасадата на земјава во главниот украински град – Киев, која по руската инвазија на Украина беше привремено затворена
Со свечено подигнување на македонското знаме од страна на министерот Бујар Османи, Амбасадата на Северна Македонија во Киев од денеска е повторно отворена и во неа е отпочнато извршувањето на редовните активности.
Во рамки на посетата во Украина, како што соопштија од Министерството за надворешни работи, шефот на дипломатијата Бујар Османи повторно ја отворил Амбасадата на земјава во главниот украински град – Киев, која по руската инвазија на Украина беше привремено затворена.
„Ова не е само симболична порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“,
изјави Османи.
Министерот Османи на средбата со својот колега, шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, информира и за одлуката на Владата која беше донесена во пресрет на посетата, со која се обезбедува итна финансиска помош за Украина во износ од 100 илјади евра.