Иако на полувреме нашата репрезентација имаше негатива од два погодоци, на крајот мечот заврши со резултат 29:29

Во драматична завршница во второто коло од групната фаза на Европското првенство во ракомет, Македонија ремизираше со Португалија. Иако на полувреме, Португалија замина со предност од два погодока, на крај, на семафорот резултатот беше 29:29. Во овој натпревар Португалија влезе како благ фаворит, по победата во првото коло против Романија, додека пак Македонија ги освои првиот бод, по поразот од еден од домаќините, Данска, пред два дена.

Во нашиот табор, најефикасен беше капитенот Филип Кузмановски со 15 погодоци, кој беше прогласен и за играч на натпреварот, а Атанасиевиќ и Велковски постигнаа по четири погодоци.
По негативата од два погодока на полувремето, Португалија направи серија од три спрема нула, но на средината на второто полувреме, Македонија успеа да се врати во игра. Во последните две минути од натпреварот, при нерешен резултат, Португалците не искористија два напади, откако голманот Томовски успеа да забележи две одбрани.

Следниот натпревар на Македонија го игра за два дена, кога ќе се соочиме со репрезентацијата на Романија.
