Ова е уште една убава вест во низа од скопската зоолошка каде пред кусо време се родија бели лавчиња
Во скопската Зоолошка градина има причина за радост- пред еден час обавија дека се родило мајмунче лемур, кои се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките.
„Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето“,
објавија на Фејсбук.
Ова следуваше по претходниот пост во кој информираа за принова и кај ламите.
„Уште едно бебе подмладок во Скопје ЗОО, имаме радост и кај ламите“,
напишаа на својата Фејсбук страница и објавија фотографија од малата лама.

Ова е уште една убава вест во низа од скопската зоолошка каде пред кусо време се родија и бели лавчиња.