За време на пречекот, министерката за култура ги истакнала добрите односи меѓу Северна Македонија и Австрија и порачала дека оваа средба дополнително ќе влијае на пријателските врски меѓу двете земји
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на граничниот премин „Ќафасан“, во близина на Охридското Езеро, го пречека и му посака добредојде на австрискиот претседател Александер ван дер Белен.

Костадиновска-Стојчевска ги истакнала добрите односи меѓу Северна Македонија и Австрија и порачала дека оваа средба дополнително ќе влијае на пријателските врски меѓу двете земји.
„Министерката за култура изрази задоволство што покрај официјалната програма делегацијата ќе има можност да се запознае и со македонското современо творештво, со традицијата и, секако, со значајни културно-историски споменици и локалитети во Охрид и во Скопје“,
се наведува во соопштението на Министерството за култура.

На покана на претседателот Стево Пендаровски, австрискиот претседател Александер ван дер Белен од денеска е во дводневна посета на земјава.