На другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата

Зголемена фреквенција на возила утрово има на два гранични премини во државата, констатира АМСМ во најновиот извештај.
Според информациите во него, за излез од државата на „Богородица“ кон Грција и за влез на „Табановце“ од Србија се чека по околу половина час.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП ’Табановце‘ за влез и ГП ’Богородица‘ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“,
велат од АМСМ.
На државните патишта, пак, по вчерашното невреме во дело од земјава сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози.