Камион се запалил при судир со товарно комби кај струмичкото село Владевци. Во несреќата повредени се две лица кои биле преземени од екипи на Итната медицинска помош.
Како што соопшти Противпожарната служба од Струмица, несреќата се случила во 03:05 часот во близина на селото Владевци. Пожарникарите интевернирале со две возила и шестмина пожарникари за да го изгасат пожарот во камионот.
