Слична закана добил и министерот за одбрана во владата на Јанша, Матеј Тонин
Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство им се закануваат со смрт.
Словенечката телевизија јави дека премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што е потврдено и од кабинетот на премиерот. Фотографии од пратката објави и самиот Јанша на социјалните мрежи.

Слична закана добил и министерот за одбрана во владата на Јанша, Матеј Тонин.

Заканите ги истражува полицијата.
Словенечките медиуми наведуваат и дека ова не е првпат на ваков начин да му се закануваат на премиерот на Словенија.