Пожарот кој попладнево избувна кај катлановско Блаце е изгаснат од страна на службите на Општина Петровец.

Градоначалникот Борче Митевски во изјава за „360 Степени“ вели дека не станувало збор за запалена депонија, како што претходно информираа од скопската пожарна, туку дека се запалила сува трева.

„Пожарот беше пред Блаце, веднаш покрај патот. Дали некој намерно нешто запалил, не знаеме. Но, таму нема депонија. Гореше сува трева и нашата екипа го изгасна пожарот. Среќа што навреме реагиравме, пред да почне да се шири“,
вели Митевски.
Кај катлановско Блаце утрово имаше и друг пожар кој зафатил сува трева и нискостеблеста шума, но до претпладнево беше изгаснат.