Десетици илјади луѓе ги преплавија улиците кои водат до паркот Малтепе на азискиот брег на Истанбул веејќи турски знамиња и извикувајќи „Слобода за Имамоглу“
Огромен број граѓани на Истанбул протестираа денеска во паркот Малтепе на азискиот брег на градот барајќи слобода за градоначалникот Екрем Имамоглу, кој е главен политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а кој беше уапсен под обвинение за корупција пред неколку денови. Протестот беше организиран од Републиканската народна партија, а доби поддршка и од други политички субјекти во земјата. Иако протестите беа релативно мирни, над 2 000 учесници беа приведени од турските власти, потег кој наиде на осуда од организаторите но и од странски групи за човекови права и претставници од западните земји кои сметаат дека апсењето на главниот политички конкурент на Ердоган е политичко и има единствена цел да се отстрани потенцијалната изборна закана за турскиот претседател.



Претходно во текот на денот на присутните во Малтепе со видео подготвено со вештачка интелигенција од затворот во кој се наоѓа во Силиври им се обратил и Екрем Имамоглу.
„Можат мене и нас да нè ставаат во затвор и да нè судат колку што сакаат. Нацијата покажа дека ќе ги уништи сите замки и заговори. Нацијата покажа дека е сопственик на државата. Јас ветив кога тргнав на овој пат дека нема да ги злоупотребам моите права. Нацијата заслужува. Ќе си го одржам зборот, никогаш нема да се повлечам“,
рече Имамоглу.
Ердоган ги отфрли протестите како „шоу“ и предупреди на правни последици. Тој ја повика ЦХП да престане да ги „провоцира“ Турците.
Минатата недела, партијата одржа внатрепартиски избори за официјално да го поддржи Имамоглу како свој кандидат за претстојните претседателски избори. Тие треба да бидат произведени во 2028 година, но партијата бара предвремени избори, тврдејќи дека владата го изгубила легитимитетот.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја оваа недела соопшти дека речиси 1.900 лица се приведени од почетокот на протестите, а судовите завчера наредиле притвор на 260 од нив во очекување на судењето.
Ердоган, кој доминира со турската политика повеќе од 20 години, ги отфрли протестите, нарекувајќи ги „шоу“. Тој предупреди дека ќе има правни последици и ја повика Републиканската народна партија да престане да ги „провоцира“ Турците