Посетата на Тунберг во Македонија доаѓа по нејзиното учество на протест во Тирана, соседна Албанија. Таа таму им се приклучи на граѓаните што протестираа против страдањата на паленстинскиот народ предизвикани од Израел
Шведската активистка за животна средина и климатски промени Грета Тунберг од вчера е во посета на земјата. Од фотографиите што на Фејсбук ги објави Општествено-културниот центар Тетово се гледа дека Тунберг вчера ја посетила оваа организација.

Таа се сретнала со локални и меѓународни волонтери што изминатите денови работат на подготовките за отварање на новиот простор на Општествено-културиот центар во Тетово, што ќе служи како инклузивен простор за младински иницијативи.
Посетата на Тунберг во Македонија доаѓа по нејзиното учество на протест во Тирана, соседна Албанија. Таа таму им се приклучи на граѓаните што протестираа против страдањата на паленстинскиот народ предизвикани од Израел.
За време на протестот таа на албански јазик извикувала – Слобода за Палестина.
Во изјава ја истакнала алармантната состојба во Газа.
Тунберг во јуни беше депортирана од страна на Израел откако заедно со други активисти се обидела да достави симболична количина помош за Газа.