Звонко Томовски, заменик командир на скопската противпожарна бригада за „360 степени“ вели дека се работи за непристапен терен и дека ова е денеска втора ваква интервенција на овој реон
Густ црн чад доцна попладнево се издига во реонот на скопската населба Автокоманда. Од Противпожарната бригада Скопје за „360 степени“ велат дека се гори трска покрај автопатот во близина на хотелот „Белви“ и дека нивна екипа е на теренот и работи на гаснење.


Звонко Томовски, заменик командир на скопската противпожарна бригада за „360 степени“ вели дека се работи за непристапен терен, но дека нема опасност за објектите во близина.
Тој исто така вели дека ова е денеска втора ваква интервенција на овој реон. И претходниот пожар бил во близина на актуелниот.