На средбата, според него, се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа, при што била нагласена потребата од засилена соработка, солидарност и заеднички одговори во услови на зголемена неизвесност
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, во рамките на конференција во Барселона, организирана од Партијата на европски социјалисти (ПЕС), оствари средба со шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Во рамки на конференцијата во Барселона, во организација на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), имав кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез“,
пишува Филипче на Фејсбук.
Како што информира тој на неговиот фејсбук-профил, на средбата се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа, при што била нагласена потребата од засилена соработка, солидарност и заеднички одговори во услови на зголемена неизвесност.
„Ваквите контакти се важни за зајакнување на позицијата на нашата земја и за градење партнерства со лидери кои споделуваат исти вредности, како социјална правда, економски развој и европска иднина“,
вели тој.
Средбата се одржала на маргините на конференцијата, која обединува претставници на социјалдемократските и прогресивните партии од Европа.
