Според грчките медиуми, фотографиите од спасувањето се направени во подножјето на планината Парните, во провинцијата Атика. Непознатото момче спасило куче, коњ и магаре
Емотивни фотографии од Грција го обиколуваат светот. Во страшните пожари што ја зафатија земјата, човечката добрина се покажа во најчистата форма. Еден фармер е снимен како спасува животни од пожар додека огнот беснеел околу него.
Според грчките медиуми, фотографиите од спасувањето се направени во подножјето на планината Парните, во провинцијата Атика. Непознатото момче спасило куче, коњ и магаре.



Грција се бори со уште еден бран смртоносни пожари, втор за еден месец, кои веќе однесоа два животи и принудија многу жители да се евакуираат.
Неконтролирани пожари беснеат на североистокот на земјата, на островите Евбеја (близу Атина) и Китнос и во провинцијата Беотија, северно од Атина, придружени со опасна комбинација на силен ветер и температура до 41 Целзиусов степен. Екстремното топло и суво време во Грција ќе продолжи до петок, предупредува метеоролошката служба.