Според објавата на струмичките пожарникари, дрвото за кратко време било отстрането, а во случајот нема информации за повредени лица
Вечерва околу 20 часот дрво паднало врз автомобил паркиран на улица во Струмица.

За настанот преку објава на социјалните мрежи информираше струмичката Територијална противпожарна единица, која со двајца пожарникари интервенирала на местото.
Во случајот нема повредени.
„Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул. ‘Ванчо Китанов’, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 2 пожарникари-спасители интервенираше на отстранување на паднато дрво врз автомобил. За кратко време дрвото е отстрането од улицата“,
се наведува во објавата на Фејсбук.
Струмица и Струмичко вечерва ги зафати невреме со дожд и град.