Според информациите од шведските медиуми, во градот Сандвикен е регистрирана првата жртва. Се работи за 50-годишен маж кој починал откако врз него паднала голема гранка од дрво скршена од силниот ветер. Покрај жртвата, повеќе од 40 000 домаќинстав останаа без струја

Силната снежна бура „Јоханес“, пропратена со ветрови со орканска сила, викендов предизвика хаос во Шведска и делови од Северна Европа. Невремето остави десетици илјади луѓе без електрична енергија, го прекина сообраќајот и однесе еден човечки живот.
Смртоносни последици и штети
Според информациите од шведските медиуми, во градот Сандвикен е регистрирана првата жртва. Се работи за 50-годишен маж кој починал откако врз него паднала голема гранка од дрво скршена од силниот ветер.
Паралелно со човечките жртви, инфраструктурата е под голем притисок. Повеќе од 40 000 домаќинства останаа без струја. Најкритично е во централните и северните делови на земјата каде надлежните екипите се обидуваат да ги санираат дефектите предизвикани од паднати дрвја врз далноводите.

Голем број патни правци се непроодни. Автобускиот и железничкиот сообраќај во многу региони е целосно во прекин, а возачите се предупредуваат да не тргнуваат на пат ако не е неопходно поради замрзнати коловози и соборени дрвја.
„Наполнете ги телефоните и подгответе свеќи“
Властите и метеоролошките служби упатија сериозни предупредувања до граѓаните, советувајќи ги да се подготват за подолготрајни прекини на услугите. Главните препораки се – да се наполнат батериите на мобилните телефони и преносните батерии, да се подготват свеќи, фенери и дополнителни ќебиња, како и да се избегнува движење во близина на шуми или стари објекти каде ветерот може да откорне делови од покриви или дрвја.

Метеоролошка прогноза
Метеоролошкиот институт издаде портокалово предупредување, нагласувајќи дека на одредени места ветерот достигнува брзина на ураган. Иако најсилниот бран помина низ централна Шведска, опасноста се префрла кон јужните делови и кон соседните балтички земји. Се очекува температурите дополнително да паднат, што ќе создаде голомразица на патиштата во текот на новата седмица.
