Бајден се очекува вечерва да патува во Варшава за да разговара со претседателот Анджеј Дуда

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигна во Жешов, град во Полска, за лично да ги види меѓународните напори за помош на милиони Украинци кои бегаат од војната во оваа земја и да ги посети американските трупи кои го зајакнуваат источното крило на НАТО, пренесуваат американскиот медиуми.
На аеродромот во Жешов, „Јасионка“, американскиот претседател добил кус брифинг за помош на цивилите кои бегаат од руската инвазија, а кои поголемиот дел бегаат токму во Полска.
Тој вчера во Брисел кажа дека неговата посета уште еднаш ќе ја покаже подготвеноста на САД хуманитарно да им помогнат на луѓето во и надвор од Украина.

Бајден се очекува подоцна да се сретне и со членовите на американската 82. воздушна дивизија распоредена таму за зајакнување на источното крило на НАТО.
Тој вечерва ќе отпатува за Варшава на разговори со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Полска се надева дека посетата на Бајден ќе го потврди американското ветување дека ќе го брани „секој сантиметар“ од територијата на НАТО. Варшава, исто така, сака да види повеќе американски војници на источните граници на Алијансата.