Во сообраќајната несреќа е повредено лицето кое управувало автомобилот. Засега нема детални информации за природата на повредите и за причините за несреќата
Автомобил во движење попладнево се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во непосредна близина на комплексот кули „Џевахир скај сити“ во скопски Аеродром.

Во сообраќајната несреќа е повредено лицето кое управувало автомобилот. По несреќата, лицето било извлечено од возилото од страна на екипите на Итната медицинска помош кои пристигнале на местото на настанот.
Засега нема детални информации за природата на повредите и за причините за несреќата.